ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го прикриваме незаконското и непрофесионалното работење на СЈО

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го прикрива или поддржува непрофесионалното, незаконското и необјективното работење на СЈО, велат денеска од владејачката партија.

-Договорот меѓу партиите подразбираше и формирање на СЈО кое ќе има рок од 18 месеци за да отпочне истраги за предметите за кои ќе има дури и најмал сомнеж. Партиите консултираа експерти и се договорија за сите детали, почнувајќи од Буџетот, па се до кадровското екипирање. ВМРО-ДПМНЕ се согласи на формирање на ваква паралелна институција затоа што знаевме дека вистината е на наша страна и дека ова време е доволно за во законска процедура да излезат на виделина сите манипулации на Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека законските измени што СЈО ги побара преку СДСМ не е дел од договорот преку чија реализација земјава треба да излезе од сегашната криза.

Поврзани новости