ВМРО-ДПМНЕ негира дека се луксузирале

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лажни вести извештаите за луксузното преуредување на седиштето на владата посочувајќи дека, откако е завршена реконструкцијата пред две години, двајца технички министри и тројца технички заменици министри на СДСМ со право на вето безброј пати биле во овие простории и освен дека се репрезентативно реновирани, не чуле од нив друг коментар.

„Зградата на владата на Македонија е реновирана прв пат откако е изградена. Целиот нејзин ентериер е репрезентативен како за објект од таков ранк и нема ништо луксузно. За да ја покрие својата безидејност и неработење уште во првите денови од власта, СДС пушти делумно лажни и делумно вистинити фотографии од објектот на владата и ентериерното уредување. Манипулативни и лажни беа сликите што се појавија во дел од медиумите дека во објектот имало позлатени чешми, тоалети. Објавуваа и слики од елитни хотели низ светот преставени како дел од ентериерот во владата – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости