ВМРО-ДПМНЕ: Народот на 5 јуни немилосрдно ќе ги казни СДСМ

by Фокус

Владејачката партија писмено реагира на денешниот повик на лидерот на опозицијата, којa ги повика сите граѓани, политички партии, невладини организации и здруженија да ги бојкотираат изборите на 5. Јуни.

– Aболицираниот криминалец Зоран Заев, криминалната банда СДСМ и нивните приврзоци нема да може да избегаат од судот на граѓаните. Заев и СДСМ нема да успеат да го спречат врвното демократско право на секој граѓанин да го искористи својот глас и да одлучува за својата иднина. На 5-ти јуни граѓаните референдумски ќе гласаат за крај на деструктивното сценарио кое го спроведува СДСМ, потпомогнато од нивните фабрики за афери и сеење магла. Граѓаните десетти пат по ред ќе му го кажат најголемото „Не“ на аболицираниот манипулатор Зоран Заев кој прави се за да продолжи политичката криза во Македонија и да ја продолжи агонијата на граѓаните – се наведува во соопштението.

Според нив, на денот на изборите Заев и криминалната банда СДСМ ќе одговараат за своите постапки пред народот кој немилосрдно ќе ги казни.

Поврзани новости