ВМРО-ДПМНЕ: Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје – ова е животот кој го ветуваше СДС

by Fokus

„Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден. Ова е животот кој го ветуваше СДС, регираа од ВМРО-ДПМНЕ два дена по одржувањето на изборите.

– Хаосот и незаконието продолжуваат и по изборите. Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето. Надлежните институции треба веднаш да реагираат и да го расветлат целиот случај во најбрз можен рок. Физички напад врз политички опонент е напад врз демократијата, слободната мисла и правната држава и како таков мора да биде санкциониран – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, имало запален автомобил на симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче само неколку часа по завршувањето на изборите.

– Аздисаноста на криминалните структури блиски до СДС по изборите не запира, од медиумите видовме фотографии како двајца активисти на партијата се сликале со пиштоли пред штабот на партијата во Бутел. Според информациите објавени во медиумите активистите на СДС во Бутел во неделата вечер пукале со пиштоли и создавале хаос низ Бутел – продолжува понатаму во соопштението.

Поврзани новости