ВМРО-ДПМНЕ најавиле блокирање крстосници во следните триесет дена

by fokus

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ доставиле известување во полицијата дека во наредните триесетина дена ќе бидат блокирани прометни крстосници во Скопје од 15 до 17 часот. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе превземе засилени мерки за контрола и регулирање на сообраќајот во насока на олеснување на метежот што ќе настане во посочениот “шпиц“ период.

Така, во врска со блокадата на крстосница кај ТЦ Мавровка, сообраќајот ќе се одвива и олеснува по околните сообраќајници – бул.„Крсте Мисирков“, ул. „Филип 2-ри Македонски“, бул.„Кочо Рацин“  и ул.„Беласица“.

За крстосницата кај Порта Влае, сообраќајот ќе се одвива по околните сообраќајници: бул.„Партизански Одреди“ до мост Влајко, ул.„Ѓорче Петров“ во продолжение по ул.„Адолф Циборовски“, ул.„Ацо Шопов“ до Канал 5 ТВ, ул.„Борис Сарафов“ до кружниот тек бул.„Партизански“ – ул.„Борис Сарафов“.

За  крстосница бул.„Јане Сандански“ – бул.„Србија“,  сообраќајот ќе се регулира по околните сообраќајници: бул.„12-та Македонска Бригада“, бул.„3-та Македонска Бригада“, бул.„АСНОМ“, бул. „Јане Сандански“ до Веро.

За крстосница кај “Рампа“ (Кисела Вода), сообраќајот ќе се одвива по околните сообраќајници: бул.„Борис Трајковски“ до ул.„Емил Зола“, бул.„3-та Македонска“ до ул.„Крушевска Република“, бул.„Кочо Рацин“ до бул.„Кирил и Методиј“ и Јужен булевар до катната гаража.

За крстосница кај “Мида Моторс“, сообраќајот ќе се регулира по околните сообраќајници: бул.„Илинден“ до ул.„Бледски Договор“, бул.„Илинден“ до ул.„Никола Тесла“, бул.„Партизански Одреди“ до бул.„8-ми Септември“ и бул.„8-ми Септември“ до ул.„Скупи“.

За крстосницата на бул.„Александар Македонски“ (кај  т.н. последна “двојка“),  сообраќајот ќе се одвива по сообраќајниците бул.„Александар Македонски“ до клучка “Дијамант“, бул.„Александар Македонски“ до кружен тек кај хотел Континентал, бул.„16-та Македонска Бригада“ до кружен тек населба Железара.

И за крстосницата на ул “ Васил Чакаларов“ и “Ангел Динев“ сообраќајот ќе се регулира по околните сообраќајници  – бул “Митрополит Теодосиј Гологанов“ до ул. “Московска“ и од ул. “Ѓорче ПетровЌ право по бул. “Партизански одреди“.

 

 

Поврзани новости