ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски дрско лаже

by fokus

Со денешната прес-конференција за вработувања, Дамјан Манчевски се обидува да ја изманипулира јавноста и граѓаните за да се скријат масовните партиски вработувања и незаконски разрешувања во изминатите два месеца, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во врска со 7708 лица кои наводно се вработени во државната администрација во периодот од донесување на одлуката за распишувањето на изборите на 17 октомври лани до денот на формирањето на новата Влада на 31 мај годинава, министерот Дамјан Манчевски лаже на нему својствен и дрзок начин. Вистината е дека во тој период се вработени само 160 лица во државната администрација заради итни и неодложни работи, со што е дозволено и со изборниот законик кој е испочитуван. Со ова уште еднаш се потврди дека Дамјан Манчевски манипулира со бројки кои се далеку од вистината, се вели во партиската реакција.

Според опозициската партија, бројот на вработени во јавниот сектор на денешен датум, согласно опфатот на Законот за вработените во јавниот сектор, е намален за околу 2000 лица во однос на 31 декември 2016 година.

Поврзани новости