ВМРО-ДПМНЕ: Лажењето е главен предмет на економската школа „Вице Заев”

by fokus

Откако од опозицискиот СДСМ денеска ја обвинија владата дека поради енормните задолжувања и корупциските скандали, агенцијата Фич го намали кредитниот рејтинг на Македонија, се огласија од владејачката партија.

-СДСМ знае дека преку буџетот не се финансираат ниту панорамското тркало ниту „Рајската градина“, но лажењето е прв предмет кој го учат експертите од економската школа „Вице Заев” – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија обвинува дека за намалувањето на кредитниот рејтинг виновна била опозицијата.

-Впрочем, и светските агенции за мерење на кредитниот рејтинг јавно обзнанија дека кризата која ја создаде СДСМ и целокупната активност на опозицијата преку манипулирање и лаги, се причинители за намалувањето на кредитниот рејтинг на државата – се додава меѓудругото во соопштението.

Поврзани новости