ВМРО-ДПМНЕ: Кланот Заеви станаа сопственици на цела фабрика по цена колку една гарсоњера од 20 квадрати

by Fokus

„Монтираните кривични пријави на хунтата СДС против нашите градоначалници нема да ги спасат од изборниот пораз кој ќе им го испорачаат граѓаните. Кривичната пријава против градоначалникот на Ново Село, Блажо Велков е уште еден притисок на СДС и излезно сценарио од скандалот во кој полицијата на Спасоски малтретираше активисти на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

„Политичката хајка нема да им успее. Ова обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што станаа сопственик на цела една Фабрика Герас Цунев по цена колку една гарсоњера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромшатијата – се наведува во реакцијата од партијата.

Поврзани новости