ВМРО-ДПМНЕ: Груевски не доби покана да сведочи за „Пуч”

by fokus

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата дека манипулира со јавноста кога вели дека денешната расправа за случајот „Пуч” била одложена бидејќи единствениот сведок, Никола Груевски не се појавил да сведочи.

Од партијата велат дека нивниот претседател воопшто не добил покана за да сведочи пред судот.

-Политичкото слепило и непознавањето на процедурите од страна на Зоран Заев и Катица Јанева добиваат драматични размери па и двајцата мислат дека се и обвинители и судии. Двајцата денеска јавно се бламираа покажувајќи неупатеност во законската регулатива која во Македонија вели дека судот е тој што определува кога ќе изведува определени дејствија, а не обвинетиот Зоран Заев или Катица Јанева – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева обвини дека судот неосновано го одовлекува судењето за случајот „Пуч” и не му доставува покана на Груевски. Од Кривичниот суд пак порачаа дека само судот одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот.

Поврзани новости