ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат парламентарни избори заедно со локалните

by Fokus

СДС наместо да се занимава со политиканство и опструкции, во најбрз можен рок заедно со парламентарното мнозинство има обврска да овозможи одржување на локални избори, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС треба да овозможи непречено функционирање на единиците на локалната самоуправа до одржувањето на локалните избори. Не треба граѓаните и единиците на локална самоуправа да страдаат поради нечии интереси. Граѓаните се чувствуваат постизборно измамени и бараат парламентарни избори заедно со локалните – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости