ВМРО-ДПМНЕ: Град Скопје ќе даде два ипол милиони евра за реконструкција на поплавените улици

by fokus

Координаторката на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Слободанка Трајковска, денеска на прес конференција рече дека на денешната седница на Советот ќе бидат донесени неколку одлуки за помош на подрачјата погодени од поплавите.

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи Град Скопје да одвои 2,5 милиони евра за изградба, санација и реконструкција на поплавените улици во општина Гази Баба.

Втората одлука која советниците на владејачката партија ќе ја донесат денеска е жителите од поплавените подрачја во наредните три месеци да бидат ослободени од плаќање на сметките за вода и комунални услуги.

Поврзани новости