ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев дека соработува со криминалното подземје

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев дека се блиски и соработуваат со лица од криминалното подземје, кои беа уапсени за време на последната полициска против лица од Прилеп, Битола и Арачиново.

– Јавноста вчера беше сведок дека уште еден лик од подземјето, близок пријател на аболицираниот криминалец Заев, бил инволвиран во нелегална трговија со дрога. Истиот тој честопати е во придружба на Заев и се фотографира со него, а според информациите кои беа објавени, е брат на првиот човек на СДСМ во Арачиново. Има ли поголем доказ за тоа на кој начин работи и се финансира криминогеното раководство на СДСМ – рече денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости