ВМРО-ДПМНЕ: До крајот на годината СДСМ ќе го зголеми долгот на државата за дополнителни 150 милиони евра

by fokus

„Неспособноста на владата на СДС се повеќе излегува на виделина. Без тронка срам владата на СДС има испланирано до крајот на годината освен тековните задолжувања да го зголемат долгот за дополнителни 150 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Од партијата го критикуваат лицемерието на СДСМ бидејќи, како што велат, новата Влада едно говори и ветува, а друго остварува.

„Владата на СДС упорно продолжува да ја задолжува Република Македонија со издавање на државни хартии од вредност чин кој до пред неколку месеци СДС го оценуваше како тежок криминал, па дури им се закануваше на заинтересираните банки. СДС тогаш со помош на нивните медиумски мегафони креваа паника и хистерија, а денес истите премолчуваат и одобруваат.

Досега владата на СДС само по основ на овие аукции се задолжи 70-тина милиони евра. Последната аукција изнесуваше 10,6 милиони евра од која само 227 илјади евра ќе се вратат како отплата на доспеан долг, а остатокот е чист долг на грбот на граѓаните.

Владата на СДС молчи, не кажа ниту за што ќе се искористат овие пари, дали со нив ќе се прави некој пат, некоја канализација, некое училиште, градинка или болница. Напротив, средствата за ваквите проекти во ребалансот тие безмилосно ги кратат.

Граѓаните на Република Македонија со право прашуваат овие пари каде ќе бидат наменети и за што. Дали овие пари ќе се искористат за исполнување на ветувањата за минималната плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите или СДС парите ќе ги искористи за партиски вработувања, набавки на октоподи, морски плодови, опрема и аранжирање на цвеќиња“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости