ВМРО-ДПМНЕ: Десороизацијата почнува!

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение испратено до јавноста, уште еднаш гласно се закани до невладиниот сектор, СДСМ и лидерот и Зоран Заев. Од таму порачаа дека процесот на „десороизација” како што го именуваше Никола Груевски,наскоро ќе почне.

-СДСМ и Сорос се гробарите на невладиниот сектор во Република Македонија. СДСМ и Сорос системски ја уништуваат демократијата преку атак врз секоја мисла која е различна од диктатите на Бихаќка и идеите на Џорџ Сорос во изминативе 25 години.

СДСМ и Сорос системски ги корумпираат новинарите и медиумите, уништувајќи ја конструктивната критика, паралелно блокирајќи ги и процесите за расчистување со црното минато.

СДСМ и Сорос се срам и елементарна непогода за Република Македонија. На 11-ти декември народот јасно, одважно и прецизно и кажа „Не“ на целата деструкција во режија на аболицираниот криминалец Зоран Заев и соросовите инсталации во Македонија. Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува. – порачаа од ДПМНЕ.

Поврзани новости