ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев е подготвен и за промена на Уставот, јазикот и националноста?

by fokus

Премиерот Зоран Заев кажа дека тој е подготвен за име со географска одредница, но за да употреби прво лице множина, треба да ја информира јавноста кое е тоа име, дали ќе има англиска транскрипција и дали истото е само за меѓународна употреба, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на премиерот Зоран Заев.

-Дали освен неговата подготвеност за име со географска одредница, постои подготвеност и за отстапки кои се однесуваат на промена на уставот, јазикот, националноста и меѓународните кодови на Република Македонија? Македонските граѓани подолго време очекуваат одговори од Зоран Заев во врска со разговорите кои ги води за решавање на проблемот кој Република Грција го има со нашето име. За жал Заев реши да излезе со делумна информација дури откако грчкиот министер за надворешни работи јавно му порача да го извести сопствениот народ за договорот прифатен во Давос на средбата со премиерот Алексис Ципрас, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека Заев им должи одговор на македонските граѓани дали и што се има прифатено во Давос, доколку се точни наводите на грчкиот министер за надворешни работи, а доколку тоа не е вистина, тогаш да го демантира.

Поврзани новости