ВМРО-ДПМНЕ: Членови на СДСМ се однесуваат некролошки во очај од изборниот пораз

by Фокус

Морбидната објава на социјалните мрежи на слика на која Никола Груевски е прикажан како починат човек е говор на омраза и срамно и ниско ниво на комуникација, реагира ВМРО ДППМНЕ.

Од ДПМНЕ го осудија ваквото некролошко однесување на, како што велат од таму, членови на СДСМ, и побараа институциите да реагираат во најкус можен рок.

„СДСМ во моменти на длабок очај, соочувајќи се со поразот кој им го нанесоа граѓаните, посакуваат нечија смрт само за да си ги задоволат сопствените потреби на гнев и омраза“, соопштија од партијата.

Поврзани новости