ВМРО ДПМНЕ бара предлози од новинарските асоцијации за Законот за медиуми

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ ги повика ЗНМ, МАН, ССНМ, Агенцијата за медиуми и сите спортски, културни, верски и други организации што се засегнати од законот за медиуми да достават свој предлог до нив за да може оваа партија забелешките да ги стави на маса во Клубот на пратеници пред другите чинители на Договорот од Пржино, пренесуваат медиуми.

Според Илија Димовски, член на работната група на ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде прифатен закон во кој ќе бидат внесени високи казни за медиумите и ќе значи цензура за нив.

– Ги информиравме сите партии дека немаме намера да прифатиме закон за медиумите без другите чинетели кои се засегнати од оваа проблематика. Исто така, не се согласуваме со предлогот на белгискиот ослеснувач Питер Ванхауте, чии одредби ги нема во ниту еден европски закон – изјави Димовски.

Поврзани новости