ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за загадувањето

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата дека таа е виновна за енормното загадување во земјава. Од партијата за прв пат излегоа на прес-конференција посветена на аерозагадувањето и ја обвинија СДСМ дека не презема никакви мерки иако ветила во предизборието.

-Во моментов Куманово е најзагадениот град во Република Македонија со концентрација на ПМ 10 честички од 220 mg/m3. Очигледно е дека градоначалникот и локалната самоуправа не прават ништо и не преземаат никакви мерки со цел намалување на загадувањето во нашиот град. Да беше спротивно, Куманово денеска немаше да биде лидер во загадување во нашата држава. Сведоци бевме дека СДСМ во изборната кампања ветуваше мерки со кои ќе ја намали загаденоста. Се поставува прашањето зошто во општина со која раководи СДСМ не се преземале овие мерки. Бараме од градоначалникот на општина Куманово, во најкраток можен рок да преземе конкретни мерки за итно намалување на загаденоста – рекоа од ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека тие имале решение за овој проблем преку „реални и конкретни мерки”

Поврзани новости