ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од ВМРО-ДПМНЕ што го поставило Соколовски за директор на „25 Мај“ во 2006 година

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара одговорност и од оние кои го поставиле Стево Соколовски на функцијата директор на Заводот за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми „25 мај“, а не само од него лично. Со ова, партијата всушност се повика самата себе на одговорност, бидејќи Соколовски е поставен на функцијата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2006 година е назначен за вршител на должноста, а од 2007 година наваму е директор.

-Директорот што си поднесе оставка не се поставил сам на функцијата. Тој е назначен и претпоставените во хиерархијата морале да имаат увид во неговата работа и да реагираат на несоодветното постапување многу порано, пред да се случи трагедијата, односно последиците по детето, рече Јована Мирчевска, на прес конференцијата пред Министерството за труд.

Од опозициската партија сметаат дека за оваа одговорност имаат сите над него, почнувајќи од првиот човек во МТСП, ОЈО и МВР, кои повеќе од 6 месеци не преземале никакво дејствие во насока на заштита на девојчето.

Поврзани новости