Владимир Талески излегува на слобода

by fokus

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој веќе трет месец е во домашен притвор за случајот „Транспортер” на СЈО, излегува на слобода.

Апелациониот суд ја прифатил жалбата на осомничениот и мерката куќен притвор ја преиначил во мерки на претпазливост,па сега Талески е обврзан само да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основен суд во Битола.

-Апелациониот суд во Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот В.Т. кој е дел од предметот на СЈО познат во јавноста како „Транспортер“, се уважува, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје се преиначува и со тоа мерката куќен притвор се укинува, извести денеска скопска едница – стои во соопштението на судот.

Претходно од Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд во Скопје доставија предлог за продолжување на домашниот притвор на битолскиот градоначалник, кој е осомнилен дека преку коруптивни тендери со училишниот превоз проневерил 360 илјади евра.

Поврзани новости