Владимир Панчевски осуден за мобинг

by Fokus

Владимир Панчевски, поранешениот претседател на Кривичниот суд е осуден за мобинг кој го сторил врз вработениот Горан Стаменковски, објави денеска Основниот суд Скопје 2.

На изрекувањето на пресудата Панчевски не беше присутен, туку беше само неговиот адвокат Димитар Дангов. Поранешниот претседател сега има право да ја обжали првостепената пресуда пред Апелациониот суд.

Донесената неправосилна пресуда засега е само морална сатисфакција за тужителот Стаменковски, но доколку во случај Апелација ја потврди истата, Панчевски нема да може повеќе да извршува раководна функција, како на пример да биде повторно претседател на Кривичниот суд.

Тужбата за мобинг против Панчевска ја поднесе Стаменковски, поранешен раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд.

Во тужбата стои дека Панчевски во подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот.

Освен тужбата, Стаменковски поднел и две кривични пријави против поранешниот шеф за малтретирање во служба, а втората за повреда на рамноправност.

 

Поврзани новости