Владиката Наум: Најприродно е БПЦ да биде наша мајка црква, за да не заштитува

by fokus

Голема лага е дека Вселенскиот Патријарх веднаш ќе го прекине евхаристиското сослужување со БПЦ доколку БПЦ влезе во евхаристиско сослужување со МПЦ-ОА, пишува митрополитот Наум во анализата објавена во бугарската агенција БГНЕС, а пренесува порталот МКД. Еден ден пред БПЦ да го разгледува писмото од МПЦ и барањето таа да стане нејзина мајка-Црква, тој ја објаснува врската меѓу БПЦ и МПЦ-ОА.

-Барањето на МПЦ да ја прифати БПЦ како „мајка Црква“, како услов за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, е барање кое со години наназад го слушаме од некои бугарски архиереи. Ова барање МПЦ го смета за нормално, логично и потребно, затоа што некоја Црква и така мора да се јави како „мајка Црква“, која ќе нѐ извлече од изолацијата што ни е наметната од СПЦ и која, потоа ќе нѐ заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви; а најприродно тоа може да биде само БПЦ. „Мајка Црква“ не е толку заедничко минато, колку што е заедничка иднина во Богочовекот Христос. „Мајка Црква“ е љубов“, пишува владиката Наум.

Тој објаснува дека од моментот кога БПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, двете Цркви стануваат „сестрински Цркви“, што значи дека ќе бидат рамноправни, но улогата на БПЦ како „мајка Црква“ тука не престанува во однос на другите православни цркви – БПЦ и натаму ја има честа, пред Бог, да нѐ заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви сѐ додека МПЦ не го добие „томосот за автокефалност“ од Вселенскиот Патријарх.

Поврзани новости