Владиката Агатангел не сакаше да одговори за арачот за снимање во црквите, ни посака здравје од Господ

by fokus

Во јавноста денеска стана актуелно дека црквите од Повардарската епархија почнале да наплаќаат за фотографирање и снимање на венчавки и крштевки. Оваа нова давачка е наменета за фотографите: 500 денари за фотографиите пред црквата и 1.500 денари за сликање и снимање во црквата.

„Фокус“ сакаше да дознае дали ова е вистина од владиката Агатангел, но одговор не доби. Кога владиката телефонски слушна за што станува збор, ни посака здравје и веднаш спушти, без да го дослуша прашањето.

-Да си жива и здрава, Господ здравје да ти даде, рече владиката Агатангел и го прекина телефонскиот разговор.

Фотостудијата од Велес за сајтот МКД потврдија дека црквата веќе почнала да им наплаќа за снимање и фотографирање, а владиката им рекол оти во сите цркви ќе мораат да плаќаат по 500 денари доколку сакаат да фотографираат, „така сакал Господ“.

Поврзани новости