Владата во Македонија ја има поддршката од либералите во Европа

by Fokus

Премиерот Зоран Заев попладнево оствари средба со европратеникот Ханс ван Бален, претседател на Алијансата на либерали и демократи во Европа. На средбата присуствувале и Емил Кирјас, генерален секретар на Либералната интернационала и претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Европратеникот и претседател на АЛДЕ, ван Бален истакнал дека новата Влада во Македонија ја има поддршката од либералите и демократите во Европа, како и од демократскиот свет, во реформскиот процес којшто ги отвора евро-атлантските перспективи на Република Македонија.

– Комплетно сме фокусирани на реформите на коишто сериозно се обврзавме со рокови во Планот 3-6-9, за да обезбедиме квалитетен живот на граѓаните на Македонија како и реализација на стратешките цели на државата, интеграција во ЕУ и во НАТО. На тој пат во скоро време ги очекуваме првите добри вести, да се тргне условената препорака, а потоа Република Македонија да добие и датум за почеток на преговорите со ЕУ – истакна Заев.

Поврзани новости