Владата со 800 000 евра ќе финансира невладини здруженија

by fokus

Владата денеска распиша оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации во вредност од 50 милиони денари или 800.000 евра, објави НоваТв.

Според огласот, грантовите се поделени во две категории.

Грантови во износ од 30.000 евра до 50.000 евра за проекти за борба против корупцијата, владеење на правото, демократија, човекови права, добро владеење, социјална кохезија и локална самоуправа.

Втората категорија, за кој се предвидени помали грантови од 5.000 до 10.000 евра се проекти за зголемување на економскиот раст и на вработеноста, за интеграција на Македонија во Европската Унија и во НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, и за проекти за инвестирање во образованието, иновациите и информатичката технологија.

Огласот доаѓа само три месеци откако експремиерот Никола Груевски најави десороизација на невладиниот сектор.

Поврзани новости