Владата по итна постапка купува инкубатори за клиниките

by fokus

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2017 година, за да се обезбедат финансиски средства за набавка на соодветните инкубатори во итна постапка за Државната клиника за гинекологија во Скопје, како и за дел од останатите јавни здравствени установи во државата.

Освен оваа одлука, Владата на денешната седница  ја прифати информацијата за склучување на билатерален договор за ко-финансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.

Владата го задолжи министерот за финансии веднаш да ја извести Делегацијата на ЕУ во Скопје дека Владата на Република Македонија ја започна постапката за обезбедување на финансиски средства за целосна изградба на пречистителната станица во Скопје со секундарен третман на отпадни води.

Поврзани новости