Владата планира да направи попис, не се знае кога

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска за време на одговарањата на пратеничките прашања во Собранието рече дека Владата ќе спроведе попис, а подготовките за тоа се во тек. Кога би се спровел пописот не се знае, бидејќи како што рече премиерот, се треба да биде добро подготвено, за да нема сомнежи за регуларноста.

-Целта е да се обезбеди попис според највисоки меѓународни стандарди. На тој начин ќе нема простор за сомнежи околу добиените податоци кај ниту една заедница, етничка група или поединец, рече Груевски.

Одговарајќи на прашањето на пратеничката Роза Топузова Каревска, премиерот објасни дека 70 отсто од пописот ќе се спроведе електронски, односно со компјутерско поврзување на базите со податоци кои ги имаат различни институции. Останатите 30 отсто ќе се спроведат теренски.

Поврзани новости