Владата напладне ќе расправа за реформските приоритети

by fokus

Во свечената сала на Владата, денеска напладне ќе се одржи дебата за реформските приоритети.

На дебатата обраќање ќе имаат премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а ќе присуствува и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

„Поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција, а во согласност со определбата на Владата за транспарентност во работата и за вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, денеска во Владата ќе се одржат тематски консултации за областите кои се битни во процесот на креирање политики во согласност со реформските приоритети“, се вели во соопштението од Владата.

 

Поврзани новости