Владата на Бугарија и подари возило за лица со посебни потреби на Општина Струмица

by fokus

Владата на Република Бугарија на општина Струмица и донираше специјално возило за превоз на лица со посебни потреби.

Општина Струмица денеска беше домаќин на заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Бугарија која што се одржа во просториите на домот на АРМ. По тој повод, а потврдувајќи ги добрососедските односи, Владата на Република Бугарија на општина Струмица и донираше специјално возило за превоз на лица со посебни потреби.

Клучевите од возилото на градоначалникот Коста Јаневски му ги врачи бугарскиот премиер Бојко Борисов. На примопредавањето на клучевите присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Оваа донација не е само потврда на добрососедските односи меѓу двете држави, туку и потврда на заложбите на двете страни за подобрување на условите за живот на сите ранливи категории граѓани. Специјалното возило значи поголемо вклучување на лицата со посебни потреби во сите сфери на локалното одлучување и општествено живеење. Лицата со посебни потреби, биле и остануваат приоритет на општина Струмица – информираат од општината.

Вики Клинчарова

Поврзани новости