Владата ќе расправа за дискреционите права на функционерите

by fokus

На дневниот ред на денешната владина седница ќе се најде Информација за спроведување анализа на дискреционите овластувања на носителите на јавни функции. Од таму не откриваат дали ќе биде отворено прашањето на залоупотребите на службените картички кои ги направиле претходните министри во Владата на Груевски, туку велат дека со повеќе информации ќе излезат по завршувањето на седницата.

Освен тоа пред министрите денеска ќе се најде и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2016 година. Ќе биде отворено и прашањето за причините и можните причинители на високо ниво на загадување на воздухот во Република Македонија во летниот период,

Министрите ќе разгледаат повеќе предлог одлуки за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, заведени кај повеќе закуподавачи.

Владата ќе расправа и за информација во врска со потребата од отворање нов граничен премин помеѓу Република Македонија и Република Србија, помеѓу населените места с.Лојане и с.Миратовце, како и Информацијата за моделот и законската рамка за воспоставување на надворешен механизам за контрола на работата на вработените во Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања и затворската полиција.

Поврзани новости