Владата ќе го менува Законот за референдум

by fokus

Министерството за правда подготвува измени на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. Се предвидува законските измени да бидат донесени по скратена постапка, а според извори од Министерството временската рамка за предлог-законот треба да се донесе најдоцна до 31 јануари.

Од таму велат дека измените се прават затоа што постојниот текст на Законот не е усогласен со текстот на Изборниот законик и со текстот на Законот за судовите. Основната цел на законските измени е надминување на постојните проблеми поради неусогласеноста на законското решение со Изборниот законик и со Законот за судовите.

Досега во историјата на Република Македонија се одржани два референдума на државно ниво, тој за независноста во 1991 и за територијалната организација во 2004 година.

Поврзани новости