Владата ја отпочна постапката за избор на нов јавен обвинител

by fokus

Владата на Република Македонија на денешната 24 седница, донесе заклучок да му предложи на Собранието на Република Македонија да го огласи именувањето на Јавен обвинител на Република Македонија.

Постапката велат од таму се спроведува согласно член 41 од Законот за Јавното обвинителство, а со оглед на тоа што досегашниот јавен обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски е разрешен од страна на Собранието на Република Македонија, на седницата, одржана на 17 август 2017 година.

Поврзани новости