Владата ги поздрави најавите на Србија за враќање на состојбите во нормала

by Фокус

Република Македонија е посветена на градење добрососедски односи со Република Србија, соопштија од македонската влада откако Србија го повлече целокупниот персонал од амбасадата во Скопје, со образложение дека била мета на офанзивна разузнавачка активност.

„Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Новата Влада на Република Македонија е цврсто посветена и презема интензивни чекори во насока на решавање наспроти создавање проблеми, унапредувајќи ги добрососедството, соработката и партнерството со Република Србија, како и со другите земји од опкружувањето. Убедени сме дека тоа е единствениот начин регионот одлучно да зачекори напред. Во врска со конкретниот случај, не носејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки“, стои во соопштението на владата.

Поврзани новости