Влада: Башановиќ е надворешен соработник за економски прашања на премиерот

by fokus

Лицето Зоран Башановиќ е под договор за ангажирање на надворешен соработник за економски прашања, на одреден временски период во кабинетот на премиерот Зоран Заев, информираат од Владата на Република Македонија.

Во одговорот на прашањата на МКД.мк за позицијата на Башановиќ, од Владата го додадоа и ова:

„Сакаме да изразиме жалење што во дел од медиумите во Србија во континуитет се води негативна пропаганда против македонската влада. Во период кога на регионот му требаа иницијативи за соработка, пријателство и добрососедство со цел севкупен развој на патот кон евро-атланските интеграции ние се соочуваме со негативни пропаганди“.

Краткото пребарување по Интернет за искуството на Башановиќ, покажува дека се работи за познат естраден менаџер на турбо-фолк сцената во Србија, а бил и член на главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ.

Поврзани новости