ВИДЕО: Шилегов го прекина Коце Трајановски и го покани на дуел

by Fokus

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов денеска го прекина својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски додека даваше изјава на настан на кој кандидатите требаше да ја потпишат „Платформата за чист воздух, и го покани на снимањето на дебатата меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје која ја организира телевизија Телма во 16 часот.

-Да излеземе на дуел, денеска во 4 ве поканувам поканувам да не бидете арогантни да излеземе пред јавноста заедно со другите кандидати – му рече Шилегов.

На тоа Трјановски му врати зошто му се обраќа него.

-Зошто ме прозивате мене, нели дојдовме овде да дискутираме. Зошто ме спомнавте мене, му рече Трајановски на Шилегов и ја напушти говорницата.

Поврзани новости