(ВИДЕО) Се степаа турските пратеници поради зголемени ингеренции на Ердоган

Пратеници од двете најголеми партии во Турција,  владејачката Партија на правдата и развојот и главната опозициска Републиканска народна партија се степаа во парламентот за време за дебатата за уставни промени со кои се зголемува извршната власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

До тепачката дојде откако пратениците на владејачката партија се обиделе да и забранат на опозициската пратеничка Фатма Каплан да ја снима седницата со нејзиниот мобилен телефон.

Пратеници од двете партии потоа почнаа да разменуваат тупаници по што претседателот на парламентот ја прекина седницата.

https://youtu.be/A_hXg9yMMNI