(ВИДЕО) Се разгорува пожарот над Волково, делови од селото без струја

by fokus

Се уште беснее огнена стихија над Волково, а огнените јазици се доближуваат до селата Орман и Никиштани. Во опасност особено се куќите во селото Никиштани во близина на границата со Косово.

Пред да се стемни, хеликоптер се обидуваше да го локализира пожарот, но не успеа. Во меѓувреме, огнената стихија зема поголем замав. Делови од Волково веќе неколку часа се без струја.

 

Поврзани новости