Видео: Падна првиот снег во Маврово и Попова Шапка

by Fokus

Утрово заврна првиот снег на планините по што Маврово и Попова Шапка беа покриени со снег од околу еден сантиметар.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран, денеска ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, односно ќе надминат 20 литри на еден квадратен метар. Вакви врнежи ќе има претежно во западните и во северните делови од земјава, информираат од УХМР.

Од таму додаваат дека на планините над 1.500 метри надморска височина ќе паѓа снег.

Поврзани новости