(ВИДЕО) Нијагара во Драмски театар, се поплави еден час пред претстава

by fokus

По вечерашниот дожд протече кровот на Драмскиот театар. Директорот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како се слева вода внатре во театарот на час ипол пред почетокот на претставата „Секс, дрога и рокенрол“.

-Вечерва на Секс дрога рокенрол… и поплава во Драмски… Течеше секаде… Сепак претставата ја одиграв… На крај дојдоа нуркачи и не извлекоа некако. Во женскиот тоалет се играше лебедово езеро. Публиката презадоволна, напиша Тасевски.

 

Поврзани новости