Видео: Македонија земја на социјална неправда

by Фокус

Документарниот филм „Македонија земја на социјалната неправда“ прикажува сведоштва од луѓе за нефункционалниот систем на социјална заштита. Во него се наведуваат податоци од 2006 до 2012 година, каде за речиси половина е намален бројот на семејства приматели на социјална помош. Исто така, постојат податоци дека Македонија има најмали плати во Западен Балкан, па дури помали од Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Србија.

Во документарниот филм се наведуваат податоци дека, во Македонија јазот помеѓу богатите и сиромашните е најголем во цела Европа и поранешните земји на СССР. Граѓаните сведочат и за масовното иселување од Македонија и како сиромашните се чувствуваат кога ги гледаат спомениците на „Скопје 2014“.

Документарниот филм е дел од проектот: “Солидарност, ударна тупаница во борбата против сиромаштијата“, проект кој е спроведен од 8-ми Септември, а поддржан од Фондација Отворено општетсво –Македонија. Филмот е сниман во втората половина во 2014 година. Автор на филмот е Џелал Хоџиќ

Поврзани новости