Видео: Како сегашниот канидат на ВМРО-ДПМНЕ, Трајковски учествуваше во рушењето на „Космос“ на Фијат Цаноски

by Fokus

Тони Трајковски по третпат ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Гази баба, објавија вчера од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Трајковски особено стана познат во јавноста пред две години откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги објави „бомбите“ во кои можеше да се слушне каква е улогата на градоначалникот во рушењето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски. Во прислушуваните разговори тогашниот премиер Никола Груевски се договара со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како да се смени ДУП-от и да се сруши објектот.

Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение против Груевски, Јанакиески и Трајковски во случајот „ТНТ“. Градоначалникот на Гази Баба, Трајковски не доби притвор, туку само му е одземена патната исправа и ќе мора да се јавува еднаш неделно во судот, што значи дека Апелациониот суд ја одбил жалбата на СЈО.

1. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (1)

МЈ: Ало.

НГ: Ало?

МЈ: Да.

НГ: Миле?

МЈ: Молам.

НГ: Утре терај си со тоа што беше за во петок у план.

МЈ: Утре?

НГ: Да.

МЈ: Тоа што ви пуштив порака така?

НГ: Да де да. Има ли причина да одлагаме? Нема.

МЈ: Не не не, тоа е тоа.

НГ: За тој ФЦ.

МЈ: Добро.

НГ: За тој разговараме така, за ФЦ?

МЈ: Да да да. Ок.

НГ: Имаш од него јавувања некои?

МЈ: Не не не. Мислам дека не знае. Или пак е опуштен. Не знам.

НГ: Ти ќе имаш контрола он кога ќе го добие?

МЈ: Па утре би го добил. Ќе му пуштиме специјален, препорачано, преку пошта ќе организирам, да му го даде одма на рака.

НГ: Таму некаде кај три саат, четири, да му го дадат.

МЈ: Добро.

НГ: Накај 3, да не е ептен одсабајле, околу три нека му го дадат.

МЈ: Добро.

НГ: Ајде.

2. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (2)

НГ: Миле ми текна друга варијанта. Ние да го смениме таму ДУП-от?

МЈ: Ама зборевме за тоа одамна, ОК.

НГ: Епа што чекаме, ако е ОК?

МЈ: Не, ама ме прашавте вие за тоа пред едно пет-шест месеци, јас ви кажав и вие рековте ОК. И не искомунициравме после.

НГ: Е зашо?

МЈ: Не знам.

НГ: Да го напраиме еден убав парк, со фонтани со чуда. А? Ќе треба да му ја експроприраме земјата.

МЈ: Не. Не мора ништо да правиме не може да гради. Доволно е, по мене, доволно е да му се намалат и габаритите нему.

НГ: И?

МЈ: Нема да има исплатливост. Ќе стаиме пе (П) плус пет и…

НГ: Како пет, Пе плус два.

МЈ: Добро сега, Пе плус, некоја големина, Пе плус еден нека биди и нема во јавност да речи дека еве не му даваме да гради а нема да гради…

НГ: А половина парк да го направиме а половина Пе плус два?

МЈ: Вака. Јас сега одам за Босна, се враќам утре вечер, ќе седнам, ќе ви кажам што може да се направи, минимум што може да се направи.

НГ: Чуј се со Тони, ја му кажав на Тони, вика кажете му на министерот Миле, ако он застане позади мене ќе го туркам ова.

МЈ: Не е проблем бе готово.

НГ: Ама треба брзо. Оти он ќе нагази у Суд, ќе нагази сегде и ќе дојде во ситуација Управен инспекторат ќе му застане ептен у врат на овој. Треба некако да се  убрза тоа, септември, октомври да го изгласаме, во Совет.

МЈ: Готово, готово, готово. Утре вечер ќе седнам и ќе….

НГ: Најдобро е сега ти да се чуеш со него, да му дадеш први задачи што да прави а утре вечер да се видите.

МЈ: Важи, готово.

НГ: Ајде.

3. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (3)

НГ: Миле ми текна абе и ГУП да му смениме?

МЈ: Во ГУП-от сега?

НГ: Да. Парк, зеленило. Ај!

МЈ: Ок.

НГ: После и у ДУП-от да му стои по старо не може да му издаде дозвола. Така?

МЈ: Да, а и подолга е процедурата, и да се смени…не знам, некогаш… подолга процедура е за ГУП.

НГ: Да. Види тоа и ДУП-от и ГУП-от.

МЈ: Важи.

НГ: Ајде.

4. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (4)

НГ: За ова со Фијат, разговарав вака со неколку луѓе.

МЈ: Добро.

НГ: Со Мартин да речеме и со други. И сите го делат мислењето дека добро е да пројде седницата на Парламент.

МЈ: Добро.

НГ: Односно, да пројде 26-ти, знаеш што е 26-ти.

МЈ: Да.

НГ: Т.е. 27-ми, утредента.

МЈ: Да.

НГ: 26-ти е тоа, утредента 27-ми. Таман се поклопува со избор на Влада, 28-ми. На 29-ти тоа, акција!

МЈ: Ок. Ок. Важи.

НГ: Ама биди ти спремен, во случај ако се премислиме, биди спремен и за порано.

МЈ: Документацијана се е спремна уште денес.

НГ: Важи, ајде, чао.

5. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (5)

МЈ: Сакав за уште една консултација, поврзана со тоа малку.

НГ: Добро.

МЈ: Или да поминам или кога ќе слезите вие.

НГ: Па, ај ќе слезам после, ќе се видиме. Ако не слезам ќе се качиш ти.

МЈ: Понеделник значи, така?

НГ: Засега е тоа. Значи, спремете се за понеделник. Вие бидете спремни као и за утре да е.

МЈ: Спремно е сé.

НГ: Ама, засега е понеделник.

МЈ: Добро.

НГ: Затоа што утре и задутре сме таму. Овие ќе напуштат Парламент. У петок ја сум пак таму за замениците. Знаеш, ќе биде незгодно.

МЈ: Ок, ок, ок.

НГ: Такашто, добро би било да, сабота и недела не иде, неработен ден. Понеделник, први август, таман. Фул сезона на годишни одмори.

МЈ: Ок.

НГ: И така. Чекај малку да помислам. Добро, ќе се видиме после.

МЈ: Важи.

6. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (6)

НГ: Миле, ова добро иде, така?

МЈ: Добро претседателе, ама има сеа нова ситуација, не знам шо е, се појави судика Кацарска.

НГ: Што?

МЈ: Кацарска судија некоја се појави на градежници, уште некои документи да достави, ја испративме во општината, се слушнав и со Билјана, страв ми е да не ни дадат судски налог за забрана за рушење.

НГ: Ијјј.

МЈ: Сега ќе знам за 10 минути.

НГ: Еј, еј, еј.

МЈ: Му се јави Билјана и на претседателот на Суд да видиме што е работата.

НГ: Мхм.

МЈ: Сеа со тоа се занимавам.

НГ: Кај потплатил он видиш.

МЈ: Судска ферија. Билјана вика досега не се случило да одлучат во два саати, ама сé е можно.

НГ: Све е можно, да.

НГ: А, донела нешто?

МЈ: Рекла, сакам документи да доставам и на градилиште, да влезела у градилиште и инспекториве имаат налог никого да не пуштаат, ја пратиле во општината, ќе знам за едно 15 минути. Ќе ви се јавам.

НГ: А, да се чуеш ти со овој највисокиот таму?

МЈ: Ама, Основен суд Скопје 2 е. Сега Билјана зборува со претседателот на Судот. Во моментов и се јавив, пред две минути.

НГ: Мхм, мхм.

МЈ: Инаку, ок оди. Имаше проблеми сабајле, се откажуваа мајстори и такви работи, ама да не ве замарам со глупости.

НГ: Како се откажуваат?

МЈ: Па, дојде една екипа и тој што го води машината вика, ја не сакам овој објект да го работам и си замина. Па друг најдовме, и така.

НГ: А, зашо не сака?

МЈ: Од кај знам. Страв му било, бега, не знам шо, не знам како. Се уплашил, од кај знам.

НГ: А, они се појавија таму?

МЈ: Кои?

НГ: Па, тајфата на овој.

МЈ: Не, не. Во ФОН биле.

НГ: Каде биле? Во ФОН?

МЈ: Во ФОН, во Факултет.

НГ: Аха.

МЈ: Денес доставено е и ова до извршителот за 5 милиони евра наплата на хипотека.

НГ: Види, ако е тоа до општината, општината треба по пошта да му го прати на овој, како се вика, Сашо.

МЈ: Нема, тој е од судот, ама општината извршува, ние само координираме. Не дај Боже да е тоа. Тоа судот забранува директно да општината да го работи ова.

НГ: А, досега има доволно направено рушење за да не може да продужи?

МЈ: Има четири, пет стуба скинато, оти место да одиме со машини, со сајли за мермер сечење, тие се многу ефикасни.

НГ: На кој кат?

МЈ: Одозгора надолу.

НГ: Аааа, значи ништо немаме. Одозгора надолу. Многу ситна штета е тоа.

МЈ: Ситна, ситна.

НГ: А?

МЈ: Еве, сега влегоа во објектот, мислам сега, почнаа да работат, дур ги приклучија машините на струја, на вода.

НГ: Сега?

МЈ: Не мислам сега, кај 10 саатот почнаа да работат овие со машиниве, ама се симнаа овие со сајливе, почнаа пред два саати.

НГ: Мхм, мхм.

МЈ: Зошто само три часа требаше да дојдат двајца професори да направат мини проект да видиме за три четири дена ако можеше скроз да падни како оној Рудине што е објектот. Зошто не знаевме внатре како е, градба, многу има челик ставено, многу тешко се сечи.

НГ: Мхм.

МЈ: Ај да видиме ова што е, па ќе ве барам.

НГ: Ајде, ајде, се слушаме.

7. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (7)

НГ: Миле, како е?

МЈ: Добар.

НГ: Како оди ова со Космос бе, следиш таму?

МЈ: Да, да, да. Значи вака.

НГ: Што се случува таму?

МЈ: Молам?

НГ: Што се случува таму?

МЈ: Сега одиме на тој помалиот објект. Ако успееме денес да го срушиме малиот објект, значи баш онака како што зборевме со вас, со вол, ама модерно ќе биде. Големи две машини обезбедивме од Бетон, тие се по 30 тонски, ги сечат со…

НГ: Ха ха ха….Со модерен вол. Ха ха.

МЈ: Да. Буквално на тој систем, зошто да не праиме тендери, глупости. Значи, се сечат столбовите и кога ќе бидат исечени, само со сајли, двата големи што се, тие се Катепилари, ќе го истргаат столбот и треба зградата да падне.

НГ: Мхм.

МЈ: И така ќе одиме, вертикала по вертикала. Денес околу, зависи кога ќе се заврши со сечењето, пет и пол, шес, седум. Ако успееме така, ќе одиме со сите така ламели. Не знам, зависи од сечењето. За 7-8 дена да завршиме.

НГ: До тука… исто и од другата така?

МЈ: Да де, да. Тоа е тоа. Видете, знаете шо е проблемот таму

НГ: Модерен вол.

МЈ: Првите два спрата се платни, платна значи, не се столбови, туку е целосно бетонско.

НГ: Аха.

МЈ: И тоа ни прави поголем проблем. Ги зедовме овие најјаките камиони, ако има уште некој камион, 9-ка ги викаат тие, појаки малку, ама таков еден-два биле. Само да пробаме со овие, ако не, од утре ќе ги бараме и нив.

НГ: Аха.

МЈ: Овие се од Бетон. И Гранит имале исто такво, некој Албанец работел на Цементарница.

НГ: Значи, до вечер за малата ќе се знае?

МЈ: Ќе се знае и за малата и за генерално за цел објект.

НГ: Сега дојдоа од Американска амбасада, загрижени за спроведувањето на законот. Заменик амбасадорот, зошто вака, зошто така, тој беше ваш пратеник па сега е со СДС, он го финансираше А1, тврди дека е заради тоа. После викам ја, па он јавно призна дека имал грешка. Па вика, да, јавно призна, ама вика дека не била голема грешката и дека ова сé му е заради А1 и дека мала била грешката, за 1 метар. Нели ти ми кажуваше дека била за цел спрат, под земја?

МЈ: Метар и пол е значи над кота замина, а плус има и дополнително стубови.

НГ: Аха. Добро. Значи, до вечер малата?

МЈ: Значи, така е, така се, така очекуваме да биде.

НГ: Мхм.

МЈ: Ќе ви јавам ама одма. Чим ќе биде, ќе ви јавам одма.

8. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (8)

НГ: Миле!

МЈ: Молам?

НГ: Ова што ми пиша ти. Не мора да го довршуваме, штом е онеспособено, ние сме ја завршиле работата. Не ни треба визуелен аспект, како што викаш, во овој случај.

МЈ: Пуштив слики. Сега имаше на Алфа многу добра снимка, од кај него сликале.

НГ: И шо има на Алфа?

МЈ: Снимката ја имаше убаво дадено, како експлозијата и изјава тој даваше.

НГ: И тој шо вика? Цврста е зградата, не можат да ја срушат?

МЈ: Не, викаше дека, ајде срушете ја побрзо, јас пак ќе ја градам.

НГ: Аха. Јас мислам да не, ако е онеспособена како шо кажуваш, да не продужуваме, нека си ја доруши он.

МЈ: Скроз, значи во воздух летаа, ја не знам како се држи.

НГ: Аха.

МЈ: Најверојатно во средината, сега зборев со овој професорот. Има, многу ме изнервира денеска, ми се крена притисокот. Лифт има и полн е со бетон лифтот и вика тоа ја држи, и второ вика, оти правена е самата зграда за 16 спрата, вика многу бетон има турено во првите три спрата, а само 5 се изградени и му било страв да стават повеќе динамит, вика, можеше да настане компресија и да уништиме куќи. Тогаш ќе направевме контра ефект.

НГ: Така.

МЈ: Викам, ок сеа.

НГ: Ја мислам да застанеме тука. Нека си стои зградата. Така?

МЈ: Добро.

НГ: Он ако стварно има план да ја гради, сам ќе си ја доруши, така?

9. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (9)

НГ: Ало.

МЈ: Молам?

НГ: Миле?

МЈ: Молам?

НГ: Зборев со Соренсен вака. Ме слушаш?

МЈ: Да де да.

НГ: И му викам вака на одење, знаеш, му викам неформално да ми кажеш, освен ова за името, што ги нервираме у Брисел што викам вака најмногу им пречи кај нас. Две работи вика, а и двете се поврзани со Пајажина. Едно вика, спроведување на правото. Добро викам, пример? Пример вика, го рушите Фијат. Во ред, ама ако го руштите, рушете ги сите што се како Фијат, или не рушете никој. Или законот да важи за сите, или ако не го применувате на речиси сите не го применувајте само на еден што ви е политички противник. Така да, јас вика би ти препорачал, ако сега сте фатиле со Фијат да го рушите, срушете и други. Да покажете дека, ама ова неформално му го кажува знаеш, не е официјален став. Срушете и други и покажете дека нема врска политиката туку дека тие што не градат по закон се рушат. Иначе вика ќе ви остане лепешка дека само Фијат сте го срушиле затоа што политички е против вас и ја поддржува А1 и така.

Второто вика, ова со медиумите. Што кажа у тој правец? Ама тоа се третира како регионален проблем. И тоа првото вика како регионален се третира ама не сте најлоши. Има полоши од вас во регионот, и во едното и во другото, али вика тие ви се од оние работи што пречат во Брисел доста. Е сега за второто, тоа е тоа, немаме, мислам што да напраиме? Добра регулација да направите за медиумите, тоа вика ти го препорачувам, добра регулација. А за првото вика ако терате вака терајте за сите. И да ги сузбиете аргументите дека вие само Фијат го рушите пошто ви е политички противник и поддржувач на А1. И вака кога го кажува држи вода да ти кажам.

МЈ: Држи.

НГ: Ништо не сме срушиле само Фијат сме го срушиле. Као другиве сите правилно градат.

МЈ: Има еден, еден објект знам во Гостивар, имаше претставки од граѓани, пуштивме кривична пријава, тој гради без одобрение за градење.

НГ: Каде?

МЈ: Во Гостивар знам, огромен објект. И Бејта баш спомна некни за него.

НГ: Епа терај. Не чекај. Со динамит тоа, да не ја тупиме пак.

МЈ: Ок. Ај да видам и по другиве градови да не има нешто. Пошто се канат градоначалници, сега кога ќе имаме во четврток, да му спомнам на нашиве градоначалници нешто да чепнат а?

НГ: Да чепнат.

МЈ: Да

НГ: И да биде тоа добро медиумски презентирано.

Поврзани новости