ВИДЕО: Екипата на Реал Мадрид пристигна во Скопје

by Фокус

Експедицијата на Реал Мадрид попладнево слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“, каде утре од 20:45 часот на „Телеком арената“ ги очекува судирот во УЕФА Суперкупот со Манчестер Јунајтед.

Иако се очекуваше први да пристигнат „Црвените ѓаволи“, сепак, први пристигнаа „Кралевите“, по што веднаш од главната аеродромска писта, со полициска придружба, се упатија кон „ТЦЦ Плаза“, каде ќе бидат сместени во очекување на утрешната пресметка.

Ѕвездите од шпанскиот и европскиот клупски фудбалски шампион ќе бидат сместени во хотелот Александар Палас.

Поврзани новости