(ВИДЕО) Ефто Пупиновски го разигра Жбогар: Сите имаат некоја, која што е туѓа

by fokus

 

Видео снимка на која што амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар игра оро во Демир Капија, на звуците на песната „Туѓа си бескрајно“ во изведба на Ефто Пупиноски, е вистински хит кој што се споделува на социјалните мрежи.

Жбогар, кој заедно со претседателот Ѓорѓе Иванов присуствуваше на традиционалното закројување на виновата лоза во Демир Капија, по повод празникот Свети Трифун, понесен од ритамот на песната, не одолеал, па се фатил на оро со присутните гости.

Ефто, кој што е изведувач на популарната песна без која што не поминува ниту една веселба во изминативе години, вели дека многу му е драго што амбасадорот препознал што значи добра нумера.

„Музиката нема граници! Кога го видов амбасадорот Жбогар како игра оро додека ја пеам мојата легендарна песна, бев доста почестен. Сепак, тој е човек кој што не живеел со нашата музика, но ете го препознал квалитетот на песната. По настапот во Демир Капија морав да заминам на уште еден настап и немав време да поразговарам со Жбогар, па не знам дали ја знае темата на песната, но се надевам дека ќе имам наредна пригода кога ќе му го појаснам и значењето на зборовите. „Туѓа си бескрајно“ е хит без кој што не поминува ниту една свадба, знам дека е можеби малку чудно, но тоа како да покажува дека сите во животот имаат по некоја жена, која што станала туѓа. Дури и жените ја обожаваат оваа песна, значи сите имаме некој кој што не е повеќе наш, па најверојатно затоа стиховите  се толку популарни“ – ни изјави во телефонски разговор Пупиноски.

ВИДЕО: Телеграф.мк

Вики Клинчарова

Поврзани новости