Ветото на Иванов нема да го спречи законот за албански јазик да влезе во употреба

by fokus

Иако дел од стручната јавност која се противи на Законот за употреба на јазиците бара од претседателот Ѓорѓе Иванов да стави вето, сепак тоа само ќе значи кратко одложување на неговата имплементација. Иванов има рок до утре на полноќ да го потпише указот, а доколку одбие Законот ќе се врати во Собрание.

Доколку го врати во Собранието Иванов ќе мора да образложи со кои одредби од текстот на Законот не се согласува. Истите забелешки мора да ги достави кај пратениците, а тие имаат рок од 30 дена да постапат. Одлука на пратениците е дали ќе ги прифатат или не забелешките на претседателот.

Од таму Законот може да биде изгласан по втор пат во истата форма. По второто гласање, Иванов, според Уставот, мора да го потпише указот и нема повторно право на вето. Потоа следува објавувањето во „Службен весник“ со што Законот стапува на сила.

Инаку, од Иванов се очекува да стави вето на Законот, имајќи го во предвид неговото новогодишно обраќање во парламентот.

„Законот за јазиците не претставува закана за македонскиот јазик. Тој претставува закана за унитарноста на државата. Овој предлог-закон го крши најголемиот закон на државата, а тоа е Уставот на Република Македонија, потенцира претседателот Ѓорге Иванов во својот новогодишен говор, на 26 декември, во Собранието пред сите пратеници“, истакна тој пред пратениците.

Поврзани новости