998

by Фокус

ПРЕКАРДАШИЈАН
Политичката сцена наликува на големо реалити шоу ала Кардашијанс. Ги следиме сите забавни и помалку забавни моменти од фамилијата на власт, која не губи на популарност неколку сезони. Само прашање на време е кога кардашијан ќе станат прекардашијан. А и опозицијата со пимплање на „бомбата“ мислам дека го прекардаши.

ЌЕСЕТО НА КУМОТ
Ако Ставрески во 2006 беше човекот задолжен за добрите вести од економијата, по осум години тој се доживува како министерот кој „дере“ за да се пополни буџетот. Вицепремиерот не е политичар кој пораснал во партијата и токму затоа тој ја црпи моќта директно од кумството со Груевски

ЧАС ПО ДЕМОКРАТИЈА
По многу години низ улиците на главниот град повторно зачекорија илјадници студенти, кои како од едно грло извикуваа „Доста беше молк“. На протестот против воведувањето државни испити во високото образование на број беа околу 3.000, но вредеа за десетпати повеќе, бидејќи ја вратија надежта

ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ СТАНАТ ХОНОРАРЦИ
Лидерот на новинарскиот синдикат во разговор за „Фокус“ објаснува што значи новата обврска за плаќање придонеси на хонорарите повисоки од минималната плата, кои ќе стартуваат од 1 јануари 2015 година, кои ќе се одразат негативно на вработувањето

СУБВЕНЦИИ ЗА ИЗМАМНИЦИ
Местенки на фестивалите имало отсекогаш. Но откако државата воведе парични награди веќе се занемарува квалитетот на песните. Наместо да бидат мотив за квалитетна музика со регуларно гласање, кое ќе се почитува, тие од самиот старт станаа мамка за лажирање музички избори

ГЛАДНИ ЗА ПРАВДА
Уставниот суд во 2013 година дозволи Регулаторната комисија за енергетика да им наметне обврска на граѓаните во станбените згради да плаќаат сметки и покрај тоа што се исклучиле од системот за греење. Тие сега поднесоа групна контратужба, но нивната борба, се чини, е залудна!

ПРОФЕСИОНАЛНИ „ПАТРИОТИ“
Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ која кулминира под власта на ДПМНЕ при што на мета се новинарите кои ја критикуваат власта, е причина во вториот дијалог нашите соработници Сем Вакнин и Зоран Димитровски да ги расчленат прашањата на патриотизмот, национализмот, границите на слободата на говорот и обврските на професионалното новинарство

ПАРИТЕТ НА МОЌ
Ако се сетиме на СДСМ и на снимката со која тие се обидоа да ја докажат валканата зделка при продажбата на Македонска банка, обид кој заврши со неуспех, јасно е дека еден доказ за коруптивен скандал ја нема истата вредност на германскиот и на македонскиот политички пазар

 

Колумнисти

СТОЈАН АНДОВ
Кога се носеше Уставот, многу луѓе држеа пишувани пароли и плакати. Глигоров беше прогласуван за „предавник“, а мене ме прогласуваа за „шиптар“. Тогашните министри Ѓорѓи Наумов и Јордан Мијалков бараа да примам делегација демонстранти кои го симнаа македонското знаме и го газеа. Им реков: нели гледате оти нема со кого и зошто да разговарам

ЏАБИР ДЕРАЛА
Неколку сведоштва од устите на млади и храбри луѓе дојдоа токму во време кога два настани ме поттикнаа да ги споделам своите мисли и надежи со вас. Мисли и надежи за слободата. Некој некаде онлајн рече дека сум волк во јагнешка кожа. Не носам јагнешка кожа. Доволна ми е волчешката. Благодарам.

ХАЏИ СУЛЕЈМАН ЕФЕНДИ РЕЏЕПИ
Во Министерството за финансии функционира посебен штаб на ВМРО, кој се занимава со лобирање за создавање и зголемување на заедницата „македонски муслимани“. На ВМРО-ДПМНЕ му треба што поголем број „македонски муслимани“! Зошто? За да се придобие оваа заедница за гласови?

СИНОЛИЧКА ТРПКОВА
Неписмените цицаат народни пари и се шират во барокни згради, додека „аздисаните“ професори дремат во шупи. Така им треба, та доста изигруваа елита. Сега имаме нова „елита“, која ќе ја тестира старата. Како што секојдневно го тестира и нашиот капацитет за опстанок

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
Сите парламентарни партии во Србија определени се државата да влезе во ЕУ. Дури премиерот Вучиќ има преземено обврски пред Ангела Меркел дека ќе направи сѐ што е во негова моќ да го помогне и регионот да се придвижи кон ЕУ. Значи, Шешељ нема да може да ја измести Србија од шините кон Брисел