994

by Фокус

ТОДОРОВ ЗА ПРАВДА!
Aпелирам до Премиерот – Тодоров наскоро да биде ротиран во ресор Правда. Да уживаме во „Мој судски термин“. Па, „Ало судија“. Па, нови казни. Што повеќе груевци нови казни смислуваат, толку повеќе граѓанството ги наградува со нов мандат. Како да постои некаква садомазо-конекција!?

АФЕРА „АФИС“
Обвинителството ја истражува сомнителната јавна набавка на опрема за отпечатоци која чудно завршила во МВР! Дали со двата системи што фалат можеле да се штанцаат лични карти заради изборна измама!?

ПРЕМИЕР ВО ФРИЖИДЕРОТ
Премиерот лично ја промовираше кампањата „Здравјето е избор“. Поимот здравје го објасни, истакнувајќи дека требало да се јаде овошје и зеленчук, ама беше нејасен за изборот. Граѓаните и досега си го имаа истиот избор. Избираа меѓу лебот и солта.

БОГАТА ДРЖАВА – СИРОМАШНИ ГРАЃАНИ
Буџетот може да личи полн под напонот на новите задолжувања, БДП статистички да се билда, извозот да расте, а невработеноста да опаѓа, но факт е дека граѓаните слабо фајде видоа изминативе години.

ДПМНЕ ПРОТИВ ВМРО
Задуман крај дорските и јонските столбови од Археолошкиот музеј, заедно со препродавачите на „фејк“ рејбан очила на Камени мост, Груевски го шверцува фалсификуваното македонско античко историско наследство.

ИНТЕРВЈУ СО СЛОБОДАН УНКОВСКИ: ИМА ЛИ ИЗЛЕЗ?
Многу тешко ќе се извлечеме од ваквата ситуација. На многу места, многу луѓе направиле работи што биле принудени или што не сакале да ги направат. Други направиле зло за да се обезбедат себе си . Трети учествувале во крвавите оргии на власта. Тие доживотно ќе го носат тој белег.

ШТИПСКА СУДСКА САГА
Поранешниот претседател на собранието на Штип, Славчо Митевски, цели 18 години води битка во управните органи и во надлежните судови, чие префрлување на одговорноста го плаќаат македонските граѓани.

ПОДАНИЦИ ПРОТИВ ГРАЃАНИ
Колку што е тешко од граѓани да направиш поданици, оти оние што навистина ја искусиле слободата, ретко се спремни да се откажат од неа, уште потешко, па дури и речиси невозможно е од поданици да направиш граѓани.

 

Колумнисти:

ЏАБИР ДЕРАЛА
Овде ви пишувам малку за оние смрдливци кои во принцип не заслужуваат ни да се мисли за нив, а камоли да се пишува, но поради нивната моќ, дадена од власта, му прават несогледливи штети на македонското општество.

СИНОЛИЧКА ТРПКОВА
Власта никако да се одвои од сопственоста, па си создаде олигарси и тајкуни, со кои во дружба си ги тера бизнисите, цицајќи и молзејќи кај што ќе стигне. А народот сѐ уште идеализира дека е во социјализам, додека од негови пари се ѕидаат златни клозети во квази-барокни поседи.

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
Тишината околу спроведувањето на пописот, а за кој очекувавме Владата да најде начин да го спроведе, укажува дека не им е ни на крај памет да ги пребројат хероите што останале да живеат во оваа тажна Македонија.

СТОЈАН АНДОВ
Киро Глигоров во 1993 година зазеде сосема спротивен став на денешната владина политика. По прашањето дали е добро решение ако името се промени во „Република Словенска Македонија“ не се разликувавме.Нашите разлики беа во тоа што Киро оценил дека во дадените услови такво решение може да се оствари.