993

by Фокус

АУФИДЕРЗЕН ЕУ?!
И после велиме не ни требала ЕУ. Ќе се согласевме веднаш и сега со оваа констатација доколку во исто време создававме држава по оние нишани заради кои сакаме во ЕУ.

ОПОЗИЦИСКО ДВИЖЕЊЕ
Во опозициската коалиција постојат размислувања и веќе се разговарало за основање движење на сите опозициски сили, па дури и за основање целосно нов, ребрендиран политички субјект!

КЛОНИРАЊЕ ПРЕРОДБЕНИЦИ
„Лојалните граѓани секогаш се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и по цена да мораат да се откажат од своите слободи“, пишува во учебникот по граѓанско образование за осмо одделение, со кој ДПМНЕ создава покорни граѓани

ЕУ – ПОВТОРУВАЧИ
Благодарение на Владата, уште еден успех на Македонија. Не само во регионот, туку и во Европа, пак станавме лидери! Во повторувањето. По шести пат добивме препорака, a датум за преговори за членство во ЕУ по шести пат – нема да има.

СУДСКА ПРЕРОДБА
При апсењето на 14 прекршочни судии и 11 судски административци не е почитуван судскиот имунитет и засега има малку докази, поради што се множат сомненија за политичката заднина на оваа афера. Жртва е правдата.

СЛУЧАЈ КЕЖАРОВСКИ
Новинарот работеше да ја разоткрие мистеријата околу загинувањето на Младенов. Затоа падна наредба – да се апси. На 24 октомври пред Апелацискиот суд ќе ги охрабриме судиите да се ослободат од стравот и да го пуштат Кежаровски и македонското новинарство на слобода.

МАШИНА ЗА БОЛЕСТИ
За само неколку месеци, Македонија стана цел на разни болести – листерија, жолтица, западно-нилска треска, ебола!? Дали навистина постоеше сомневање дека се појавила болеста која коси во Африка или здравствените власти непотребно кренаа паника? Измислија случај за да покажат колку се подготвени и ефикасни.

СТРАТЕГИИ ОД КОКОШАРНИКОТ
Тоа што некои странски амбасадори и голем број стари кадри во СДСМ повикуваат за прекин на бојкотот, не значи дека Заев треба да ги врати пратениците во собраниските клупи. Токму одејќи по умот на истите душегрижници, опозицијата стаса до таму кај што е сега.

 

Колумнисти:

ЏАБИР ДЕРАЛА
Сакам да ги споделувам моите мисли со луѓето, моите доживувања и миговите кога во осама ги ковам моите мисли и визии. Денеска сакам да ве поканам во мојата работна соба во која пред неколку дена, в мугри, ги напишав зборовите гордост и радост, мудрост и промислување, тага и пркос

СИНОЛИЧКА ТРПКОВА
Власта е и сонце и вода во нашиов општествен „екосистем“,  но само на цевче, дозирано. Зашто ако таа пушти да се користи сета енергија на нашите „природни богатства“, нема да остане ништо за неа

РАМАДАН РАМАДАНИ
Тажното во овој, колку и да е трагичен, сепак романтичен збор – ќор-сокак, не е во тоа што сме во ќор-сокакот, колку што е сознанието дека најчесто враќањето од ќор-сокакот се прави со возење рикверц. И граѓаните, веднаш во наредните денови по препораката на ЕУ, имаа можност да увидат доста примери за таквото чекорење наназад.

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
Ако во БиХ биде составена реформска коалиција, таа ќе има огромна поддршка од Меркел, Вучиќ и од официјален Загреб. Ако, пак, Милорад Додик опстане на власт во Република Српска, веројатно ќе продолжи со радикализација, но ќе добие соодветен одговор од меѓународниот фактор.