1172

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Меѓуетничкиот мир е многу кревок, и за да опстои потребно е сите политички актери и институции, медиумите, судството да се однесуваат одговорнo. За жал, така не мислат Мицкоски, Села и Ахмети. Тие тргнале во лов на националистички гласови, кој може да го крене нивниот рејтинг, но да ја загрози Македонија

ВИСТИНАТА ЗА МЛАДЕНОВ ОСТАНА ЗАКОПАНА
Фајлот за Никола Младенов од „бомбите“ до Заев бил доставен со назнаката „убиство“, иако ништо во снимките не укажува конкретно на такво нешто. Со оглед на фактот дека Верушевски е оној што ги доставува снимените разговори до Заев не е јасно дали има повеќе сознанија или само нагаѓа!?

ЌЕ ПРОРАБОТИ ЛИ ПОВТОРНО „ДОМОТ НА ПЕКОЛОТ“?
Соседите што живеат околу домот за стари лица во скопската населба Радишани, кој го нарекуваат „Дом на пеколот“, се плашат дека тој повторно ќе се отвори. Болните и изнемоштени лица сместени таму се третирале на најлош можен начин, биле малтретирани и тепани. Во урбана средина велат дека не смее да постои таква хорор установа!

СПОРНА ОБВИНИТЕЛСКА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА
Обвинителката што го води случајот за смртта на малиот Алмир го преквалификуваше делото на обвинетиот Бобан Илиќ од убиство во тешка сообраќајка, вадејќи се дека ја премислиле вештачењата. Од семејството на Алмир, пак, обвинуваат дека подлегнала на притисок

КОЈ ПРОФИТИРАШЕ ОД ЗГРАДАТА НА СКОПСКИ ВОДОВОД?
„Алдинг Инженеринг“ која склучи договор од 7,5 милиони евра со скопски Водовод за доизградба на новиот објект во 2014 година, истата година станала дел од сопственичката структура на „Прима Инженеринг“, фирмата што го вршела надзорот врз градбата. Сопственикот на дветефирми, пак, има и друга фирма која потоа соработувала со Водовод!

ГИ МИСЛИМЕ АЈКУЛИ, А ТИЕ СЕ КЛЕНОВИ
Што ако Зајко навистина е црпнат, што ако Мицко навистина е привремен грејач на фотелја, што ако Грујо навистина е единичар, што ако Хорхе навистина е фикус, што ако Али навистина е ситен швајцарски хохштаплер?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Иванов и Мицкоски создаваат некаква коалиција во која секој треба да си го заврши својот дел од работата: претседателот да не го потпише законот за јазиците, а опозициската партија да го реализира своето „излегување на терен“. Сѐ нешто ми личи на одење во поле за повторно да се жнее национализам

Ана ПАНОВСКА
Единствен излез за Иванов, доколку потпишувањето на Законот толку многу силно се коси со неговите лични убедувања, е ‒ оставка, негова лична одлука. Тоа, ако не може поинаку, може да биде и најелегантното решение и за него и за сите нас

Ерол РИЗАОВ
Досега времето работеше само против Македонија, држава блокирана цели 27 години во своите аспирации за членство во ЕУ и во НАТО. По падот на груевизмот времето почна да работи и против интересите на Грција во наметнатиот спор. Статус кво ситуацијата стана неодржлива

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Технологијата и цената на нарачано убиство во Македонија денес во однос на минатото се променети само во инвентивноста и софистицираноста и сообразени се со времето и околностите. Секогаш на овие простори имало политички убиства и предавства