1163

by fokus

ОЧАЈНИЧКИ ОБИДИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА
Терористичкиот чин во Митровица веројатно нема да ја загрози балканската безбедност, но индикативно е што се случува во моментот кога ЕУ и НАТО решија конечно да го интегрираат Западен Балкан. Дестабилизацијата и одговара единствено на Москва, чиј министер за надворешни работи деновиве и порача на Атина да биде непопустлива во спорот за името, за Македонија да остане надвор од НАТО!

ПОЛИТИКА НА СЕЕЊЕ СТРАВОВИ
Додека со Македонија владееја македонски и албански партии, потхранувајќи ги стравовите на своите гласачи, стотици илјади млади Македонци и Албанци заминаа „у свет“ по подобар живот, а без страв од казни „тендерските коалиции“ дрпнаа милијарди евра народни пари. За жал, тоа изгледа „не побудува страв кај огромен број граѓани“

АКО САКАМЕ УСПЕХ, МОРА ДА ГИ ПОПРАВИМЕ ГРЕШКИТЕ ОД МИНАТОТО!
Пратеникот кој стана потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ по внатрепартиските промени, Александар Николоски, е првиот висок функционер од оваа партија кој по долго време прифати интервју за „Фокус“. Според него, партијата имала успех во економската сфера и во односот кон националните прашања, но направила политички и организациски грешки, кои мора да ги поправи доколку сака да победи на следните избори и да формира влада

НЕРАЗБРАНА ДВОЈАЗИЧНОСТ
Претседателот Иванов ниту со вето не може да го спречи спроведувањето на Законот за употреба на јазиците. Останува можноста да биде оспорен пред Уставниот суд. Но, впечаток е дека законот е повеќе дел од политички договор, отколку вистински приоритет во овој миг, кога од Македонија сите очекуваат реформи во повеќе области

ШИПОВИЌ ЌЕ БАРА МИЛИОНСКА ОТШТЕТА
Пред неколку дена обвинителствотого повлече обвинението за случајот „Претседавач“, во кој освен Мирослав Шиповиќ, беа обвинети уште 11 лица. Шиповиќ и останатите обвинети ја добија очекуваната правда, но не можат искрено да и се израдуваат по се што преживееаја. Сега најавуваат дека ќе бараат милионски отштети

КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ ЌЕ РАСКАЖУВА – НА ДВА ЈАЗИКА
Десет, единаесет, можеби и повеќе премрежија за 27 години историја, секое со потенцијал да доведе до пропаст, колапс, апокалипса на Македонија и ниту едно од нив не ја уништи Македонија. Ама затоа сега двојазичноста ќе ја уништи и ќе ѝ стави крај на земјава. Како да не?

 

Колумнисти:

Симо ГРУЕВСКИ
Со последната измена на статутот, со која владата се откажа од надлежностите на својот директор во Македонски телеком, можноста за погрешни одлуки остана само кај директорот – странец со поддршка при извршување од кадрите поставени од Луковски и Фамилијата

Стојан АНДОВ
За нашата западно-балканска судбина, голем придонес имаат претседателот на Републиката Глигоров, премиерот Црвенковски, министрите Фрчкоски и Ханџиски. Пред нивни очи и со нивна согласност Македонија ја доживеа судбината да му припадне на Западен Балкан, токму тоа лето во 1997 година

Ана ПАНОВСКА
Во сета оваа политичка какофонија ептен ми се нејасни оние од дијаспората, и тоа оние од Америка. Белки имаат трошка ум да укапираат дека ова што се случува во Македонија е обмислено и диригирано токму од таа земја, која е нивна актуелна татковина и во која ги уживаат сите придобивки

Денко МАЛЕСКИ
Речиси е извесно дека претседателот на републиката Иванов нема да го потпише Законот за јазиците. На одбраната на докторатот, како член на комисијата, внимателно ги следев неговите резерви за такви политички модели каков што е кипарскиот, либанскиот или босанскиот, и паралелите кои ги влечеше со недостатоците на македонскиот модел

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
До „коска“ ме боли оваа леснотија со која и оваа влада така лесно посега по позајмувањето пари на меѓународниот и домашниот пазар. Наместо да ги скратува трошоците за одржување и функционирање на државата по сите основи, таа и понатаму продолжува да се шета по веќе зацементираниот пат

Ерол РИЗАОВ
Учените и образовани луѓе знаат да најдат излез во секоја ситуација и да ја одредат правилно насоката кон подобра иднина. Тоа е најважната работа за граѓаните на државата, која долго време беше препуштена да ја водат митомани, корумпирани политичари и алчни луѓе

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Коза Ностра била бледа копија на она што се случувало во дваесеттите и во триесеттите години од минатиот век, во редовите на македонската револуционерна борба, која во суштина претставувала своевиден бизнис