1158

by fokus

МОЖЕ ЛИ СУДИРОТ АХМЕТИ – СЕЛА ДА ЈА РАЗНИША ВЛАДАТА?
СДСМ и Заев се навистина во небрано зашто треба да ги помируваат албанските политички прваци од кои сепак зависи мирното море на владината коалиција. Се гледа од авион дека таа задача на Заев му паѓа тешко и оти не се снаоѓа баш најдобро

СУДИИТЕ КОИ Ѝ ГО ШТИТЕА УГЛЕДОТ НА ФАМИЛИЈАТА СЕГА ЌЕ Ѝ ГО УРНИСААТ!
Едно нешто никако не укапирам. Добар дел од обвинетите од СЈО кога тужеа за клевета носеа психијатриски вештачења. Сега кога сериозни обвинувања им висат на глава, тие кулираат, а некои дури се насмеани. Изгледа процесите благопријатно делуваат на нивното психичко здравје. И тоа ли тркало се свртело!?

БИЗНИС ИМПЕРИЈАТА НА ЧАВКОВИ
Синот на Митко Чавков, Иван, пред неколку години ги формираше градежните фирми „Портланд-ОПЦ“ и „ИН-МАК БЕТОН“, кои подоцна добија концесии за експлоатација на суровини и тендери. Минатата година, пак, „Портланд-ОПЦ“ станала дел од компанијата за товарен патен транспорт од Кавадарци „Алмиан“, заедно со фирмата на неговата сестра Зорица Чавкова – „Фидем Консалтинг“

ШЕСТ СУДИИ ПОД ЛУПА ЗА „АКМИСОТ“
Контролата на АКМИС-от во Кривичниот и Врховниот суд покажа дека судски предмети се делелe и на рака. Контролираниот период опфаќа шест судии, и тоа Владимир Панчевски, Стојанче Рибарев, Татјана Михајлова, Лидија Неделкова, Снежана Бајлозова и Јово Вангеловски, а истрагата ќе покаже кој од нив ќе седне на обвинителна клупа

КОЈ МУ Е КРИВ НА ДИК?
Членовите на ДИК не се никакви жртви паднати во борбата за Македонија. Тие се само аздисани и корумпирани шупелки за кои никој не треба да жали. Истото важи и за Груевски и за раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои по конгресот ќе заминат на буништето на историјата, како најобични ѓубриња со валкани раце и нечиста совест

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Сталин бараше да се утврди кои се слабите точки што можат да му создадат голем проблем на Тито и се определи за таа цел да го користи македонското прашање. Тогаш почна кампања, која Македонците во Југославија ги прикажуваше како поробена маса и поради тоа во идното обединување, според Информбирото, водечко место требаше да има егејскиот дел на Македонија

Ана ПАНОВСКА
Ги предупредувам буџетарите, оние добро нафатираните, очи да отвораат за да не се лизнат како членовите на ДИК! Да не аздисуваат толку во трошењето, зашто можеби ќе се најде и некој друг „кодош“, ќе свирне, и ете ти белја. Ни криви, ни должни, сè по закон направено, а на крајот пак кабаетлии!

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако актуелната власт на Зоран Заев сака да покаже дека „има разлика“ и има живот за сите, ќе мора час поскоро прашањето на одговорноста на избраните и именуваните функционери да го постави во строго утврдени законски рамки, за режимот на Груевски да не биде заменет со режимот на Заев

Ерол РИЗАОВ
Новиот премиер, како и сите негови претходници, не го напушта мислата дали е можно да се сочува името на државата и да се оствари сонот на граѓаните. На разденување, махинално го погледна часовникот и промрморе сам за себе, како и да заврши, јас ќе бидам најголемиот виновник и да биде и да не биде работата со името на државата

Денко МАЛЕСКИ
Вклучувајќи се во осудата на поведението на нејзините членови, не сме искрени кога глумиме изненаденост од постапките на ДИК. Па, сите знаеме дека тоа е нашиот начин на живеење, дел од традицијата на едно корумпирано општество во кое нема отчетност

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Злосторничкото здружение го пренебрегна факторот ризик со вигилантите во однос на нивниот штос за безрезервна поддршка и бранење на арамилакот. Заборавија дека ваков сој неранимајковци секогаш се на готовс да се престројат таму од каде што дува ветерот